Му давал 200 денари на полицаец да не му пише казна – уапсен е за подмитување


Дваесет и шестгодишниот С.Р. од Скопје во средата бил приведен во полициската станица во Драчево зашто сакал да поткупи полицаец со 200 денари.

mito policПолицаецот го сопрел и забележал дека возачот нема ставено сигурносен појас по што изготвил записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање негативни одови.

Но, пријавениот не сакал да ги потпише и му предложил да се сретнат и да пијат кафе заедно, по што од паричникот извадил 200 денари во апоени од по 100 денари, и му ги ставил во десниот џеб од ветровката, велејќи му да ја искине пријавата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1