Зоран Заев останува претседател на СДСМ. Според вечерашното гласање на Конгресот, за него поддршка дале 413 делеагти, додека против гласале 176.
Со тоа лидерот на СДСМ се задржа на партискиот врв и покрај катастрофалниот пораз на двојните избори.
На 18-от Конгрес на СДСМ се водеше жестока дебата. Дел од делегатите изразија поддршка на раководството и покрај послабите изборни резултати, но дел побараа оставка од Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска.
Есад Рахиќ, Гордан Георгиев и Митре Вељановски беа меѓу најгласните кои бараа смена на лидерската позиција.