Австрискиот претставник на овогодинешната Евровизија, не бил отсекогаш жена во тело на маж. И порано се занимавал со музика како маж, а на оваа идеја дошол пред неколку години, кога сакал нешто да смени во својот перформанс
Кончита Вурст, австралискиот претставник на Евровизија во Копенхаген не престанува да го привлекува вниманието на јавноста. Едно е сигурно: никој не остана рамнодушен на настапот. Делегациите на Русија и Белорусија дури побараа дозвола од организаторот на Евровизија, настапот на брадестата пејачка да биде забранет за емитување на јавните сервиси на овие земји, затоа што, како што велат, во прашање е нешто што не е природно.
Кончита е родена во 1988 година, како Томас Нојвирт. Пред да одлучи да започне да се занимава со музика облечен како жена, ова момче снимало реклами како маж. Ниту во својата матична земја, кога се појавил како Кончита, не наишол на позитивен прием кај луѓето, меѓутоа, неколку години подоцна, станал еден од најомилените пејачи во својата земја.
Во 2012 година, ова момче облечено како жена, за прв пат се обидел да дојде до Евросонг, но во финалето завршил како второпласиран.
Кончита во едно интервју минатата година откри дека отсекогаш сакал да биде поинаков.
-Отсекогаш бев поинаков и децата во школо постојано си поигруваа. Понекогаш избегнував да одам во школо или да излезам на одмор, од страв поради насилство, вели Кончита.
Првата шанса за слава ја доби како учесник на натпреварувањето „Старманиа“ во 2007 година. На аудицијата ги пееше Amazing grace, Get this party started и предизвика насмевка кај еден од судиите.
Погледнете како тоа изгледаше…