“Шерувајте“ ја фотографијата и Бил Гејтс ќе ви подари 5.000 долари!”


“Како што знаете јас сум Бил Гејтс. Доколку кликнете и го споделите овој линк ќе ви дадам 5.000 долари”, пишува во пораката која кружи на интернет.

Последните неколку месеци на социјалните мрежи на Фејсбук кружи фотографија на која е прикажан Бил Гејтс кој во раката држи хартија со порака на која очигледно многу луѓе наседнале.

bill-gates-02Иако фотографијата од самиот почеток предизвикала сомнеж околу вистинитоста за тоа што го тврди, повеќе од 100.000 корисници на Фејсбук ја споделиле фотографијата, а истото го прават се’ уште.

Станува збор за фотографија објавена на социјалната мрежа Reddit, која некој од забава ја променил, и наместо правилното: “Здраво, Reddit, тука Бил Гејтс”, ставил порака за тоа дека Гејтс подарува пари за секој “share”, пишува порталот Grahamcluley.

Оваа порака не е дизајнирана за да му наштети на вашиот компјутер, туку служи за ширење на “дезинформации”, односно за хаос на интернет.

Оваа порака ја покажува довербата на луѓето во информациите од интернетот. Иако конкретната порака не претставува опасност, сепак треба да внимавате што споделувате

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1