Од Организацијата велат дека ширењето на смртоносниот вирус станало сериозно и алармантно, но се’ уште не е класифицирано како итен меѓународен случај.
Досега биле потврдени 571 случаи на заразени од МЕРС, вклучувајќи 171 смртни случаи. Бројот на земји каде што има заболени од вирусот се искачил на 18.
Во Европа МЕРС за сега е забележан во Франција, Германија, Грција, Италија и Велика Британија, а сега и во Холандија.
МЕРС предизвикува кашлица, температура и воспаление на белите дробови, а е дел од истото семејство на вируси како САРС, кој во 2002. година се појави во Кина и одзема околу 800 животи.
Потсетуваме, здравствените експерти и експертите за заразни болести се состанале во вторникот и разговарале дали вирусот кој во 2012. година се појавил на Блискиот исток сега станува “меѓународна закана по јавното здравје”.