Последното девојче убиено во Сараево водело дневник – еве што има во него (Фото)


Нирвана Зељковиќ беше последното дете кое загина во опколеното Сараево. Таа три месеци пред смртта водела дневник, врз основа на кој германскиот новинар Петер Минх го напиша романот „Мирисот на липата“.

saraevo devojce 2Ова дванаесетгодишно девојче зад себе остави искрено, силно и автентично сведоштво за едно трагично време.

Воениот дневник на Нирвана – Нина Зељковиќ, пишуван во тефтер кој и’ го подарила мајка и’ Земра, не е само документ за нејзините последни месеци, радостите, стравувањата, соновите и катастрофите кои ги носи војната со себе, туку и сведоштво за животот во опколено Сараево.

Таа е последното дете кое настрара во воено Сараево, на самиот крај на најдолгата опсада на еден град во 20-от век. На тој 26 август, додека си играла во улицата „Тепебашина“ во населбата Горица, при експлозијата на граната испалена од околните брда, еден шрапнел ја погодил Нина, која почина по пет дена поминати во кома. Така исчезна еден универзум. Но, во тефтерот останаа негови фрагменти со фотографии, цртежи и налепници со Петар Пан, принцези, животинчиња, но и тенкови…Трагична хероиња во филм

Во тие денови во Сараево, дојден од Австралија, престојувал Тахир Камбис, чија мајка била од Босна и Херцеговина. Тој таму ги минал последните шест месеци од војната. Тахир, Алма Шахбаз и неговиот австралиски камерман снимија филм за босанскохерцеговската трагедија.

Само неколку дена пред да падне гранатата, овој тим присуствувал на настанот на кој Нина победила во својата категорија во латиноамерикански танци.

„Не знаејќи зошто, тие тогаш најмногу ја снимаа Нина. По трагедијата дојде Тахир и побара одобрение да се направи документарен филм за нашата ќерка. Секако дека се согласив“, се сеќава Земра на тие денови држејќи го во раце розевиот костим за танц, додека низ нејзиното згрчено лице се слеваат солзи.

Семејството Зељковиќ го напушти Сараево во 1996 година и се исели во Америка. Една година подоцна нивниот телефон не престануваше да ѕвони. На другата страна од телефонот беа американските новинари. Причина беше Нина.

Филмот „Егзил во Сараево“ во 1997 година во Њујорк ја доби престижната награда „Еми“, а претходно беше прогласен за најдобар документарен филм од страна на австралиските филмски критичари и беше награден на Филмскиот фестивал во Торонто.

Приказната за судбината на сараевското девојче го обиколи светот. Но, семејството на Нина не можеше да живее толку далеку од нејзиниот гроб, па се врати во Сараево.

Повеќе на : Дојче Веле

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1