Знаете ли што ви мелат во меленото месо?


Пред да гризнете од хамбургерот наредниот пат, треба да се запрашате што има во него. Имено, меленото месо содржи прилично дискутабилни состојки кои и’ се непознати на јавноста поради недостигот на регулативи врзани со декларацијата на производите.

26022013210045_konjsko mesoВо Америка станува збор таканаречен розов слуз или “pink slime”, кој ги претставува најнеквалитетните делови од јунешкото месо. Кај слузот со техничка обработка се уништуваат маснотиите, а потоа се третира со амонијак за во конечниот производ да нема бактерии и други микроорганизми.

Овој додатокот во меленото месо служи за да се намали процентот на маснотиите во конечниот производ, но и за да се направи помека текстура на меленото месо. Покрај тоа, таквата преработка има и подолг рок на траење.

Многу е тешко да се види разликата меѓу чистото и “pink slime” месото, освен тоа што второто во термичка обработка ослободува помалку сокови и потребно му е поголемо количество сол за оптимален вкус.

За ситуацијата по потрошувачите да биде полоша, американските произведувачи немаат обврска како посебна состојка да го додадат розовиот слуз, со оглед на тоа што истиот му припаѓа на јунешкото месо.

Меѓутоа, со ангажманот на познатиот готвач Џејми Оливер, во некои ланци за брза храна престанале да го користат овој додаток во меленото месо.

Се проценува дека околу 70 проценти од меленото месо на американскиот пазар се обработува со оваа техника.

Бидејќи таквото месо е поевтино од чистото, училишните кафетерии обилно го користат за детските оброци, но во иднина доколку посакаат, ќе може да консумираат и чисто мелено месо.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1