Што се случува на патиштата – дали е безбедно да тргнете на пат


На патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на 11-тиот километар, има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без застои, по наместа влажни коловози.

avtopatАМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец А-1 Гевгелија- Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.

АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1