Ова е една од најлошите поплави некогаш видени, многу градови се евакуирани, половина земја може да остане без струја. Тоа мора да му се покаже на светот, изјави Новак.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ги критикуваше BBC, CNN и останатите светски медиуми бидејќи, како што кажа, не известуваат за поплавите во Србија и Босна.
„Во Србија поплавата е од библиски размери. Затоа имам потреба да укажам на тоа во секоја можна прилика бидејќи главните светски медиуми како CNN и BBC не известуваат доволно за тоа што се случува во Србија и Босна. Ова е една од најлошите поплави некогаш видени, многу градови се евакуирани и се под вода, половина од земјата нема да има струја. Тоа мора да го знае светот. Ни треба помош.“ изјави српскиот тенисер.