БРУКА: Во поплавените места шише вода 200 динари – ИМА УАПСЕНИ ПРОДАВАЧИ


Трговците во Србија во поплавените места нудат многу повисоки цени од вообичаените, повисоки и за 40%.  Шише вода на пример се продава за 200 динари, сендвич за 800 динари, а пак чизмите од 1.700 стасале до 3.200 динари.

voda_na_rafu

Министерот за трговија наложи засилени инспекции и контроли во дуќаните по бројни поплаки од граѓаните, а информираат и дека има уапсени продавачи кои на своја рака ги кренале цените

На вонредната пресконференција, српскиот премиер, истакна дека вчера се уапсени неколку лица кои се обиделе да профитираат на маката на граѓаните.

– Они кои сакаат да заработат на флашираната вода во Белград, ги молам да не се користат со трикови и преку медиумите да шират дезинформации. Водата во Белград е чиста и питка! Вчера уапсивме неколку лица, едно дури и од Обреновац кој тројно ги зголемил цените на водата и прехрамбените продукти. Таквите контроли ќе продолжат и нема да дозволиме во вонредна сотојба некој да профитира – рече српскиот премиер Александар Вучиќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1