Крадец и бездушник: Лажел дека ќе ги спаси од поплавите, а ги ограбил


Саша Б. е уапсен во Смедеревска Паланка под сомнение дека во тек на евакуацијата на жителите од најзагрозениот дел на Смедеревска Паланка извршил кривично дело тешка кражба.

slikaobrenТој се терети дека украл 3000 евра и 10 000 динари , кога во петокот навечер околу 20 часот со чамец дошол до куќата на своите соседи (постар брачен пар) и ги излажал дека е пратен од нивната керка и зет за да ги префрли со чамец на безбедно место.

Тие му поверувале , ги спакувале најнеопходните работи. Тој ги терал да побрзаат, а жената пред да влезе во чамецот оставила некои работи до врата за да ја заклучи куќата.

Откако ги пренел подалеку од поплавеното место Саша Б. се вратил во куќата влегол од балкон и ги украл парите и истата вечер ги потрошил по градот.

Полициските службеници во него пронашле 1500 евра 7 200 динари , а тој го признал делото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1