Српскиот премиер Александар Вучиќ во изјава за „Сител“ изрази благодарност за помошта која Македонија ѝ ја пружи на Србија во овие тешки моменти.
-Благодарност до македонската влада која прати спасувачи кои се покажаа многу храбри и многу одговорни. Српскиот народ никогаш ова нема да го заборави. Разговарав со македонскиот премиер и многу сум благодарен на поддршката, вели Вучиќ.