Ѓоковиќ: Од поплавите изрони Југославија – да живеат сите народи од бивша ЈУ


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува да дава поддршка на загрозените жители од поплавените подрачја во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

– Срцето ми се кине кога гледам колку луѓе се евакуирани и загрозени во Босна! Преку 950.000!!! Издржете браќа… Помош ќе стигне од светот, напиша Ноле.

gjokovikj jugoslavija

Големиот тениски ас по освојувањето на турнирот во Рим реши целата награда од 700.000 евра да ја донира како помош за настраданите. Преку порака на Твитер им се обрати и на Хрватите но  и на сите народи од поранешна Југославија.

– Исто така гледам дека истокот на Хрватска е погоден од поплави. Искрено се надевам дека вас нема да ве погоди во онаа мерка како Србија и Босна. Чувајте се, пишува Ѓоковиќ.Да живеат сите народи од поранешна Југославија. Бог нека е со вас, напиша најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на неговиот Твитер профил.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1