На СДСМ ѝ е потребно единство и внатрешна кохезија на сите загрижени за состојбите во Република Македонија, заклучија на денешната средба актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев и поранешниот претседател на СДСМ и поранешен претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски.
„Нема непријатели внатре во СДСМ, постои едно зло што ѝ нанесува штета на државата, а тоа се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и сите сили треба да се насочат кон доброто на Република Македонија, заклучија претседателот на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот претседател Бранко Црвенковски“, соопшти партијата.
На денешната средба била разгледана и демократската дебата пред, за време и по 18. Конгрес на СДСМ.