По дојава на жителите на Обреновац е уапсен Зоран В. Кој пустошеше низ овој град. Тамошните жители го приметиле како краде прехрамбена роба по продавниците во Обреновец.
Како што пренесуваат србските медиуми Зоран В. го користел уморот на спасувачите и полицајцтие и во текот на ноќта упаѓал во куќите и продавниците и ја крадел робата. Тој беше уапсен вчера, а при претресот на неговата куќа пронајдена е и воздушна пушка и робата која самиот ја украл.
– Пронајдовме прехрамбени намирници, кисела вода, месо, шампони, сапуни, сирење, паштети… како и камери кои ги земал од некои од продавниците. По апсењето е приведен во станица. Особено се згрозивме кога во неговиот стан пронајдовме пивски флаши кои ги крадел од поплавените продавници“, изјавил за српски Курир еден од полицајците кои биле на увид.
Директорот на полицијата Милорад Вељовиќ истакнал дека крадењето во ситуации на вонредна состојба е тешко кривично дело.