На ергенска вечер скокнал во езеро – Останал неподвижен


Момче од Германија (25) тешко е повредено во австрискиот град Брегенз откако скокнало на глава во плиткото езеро.

brza pomosМладиот Германец во саботата околу 20 часот бил кај пријателот на ергенска вечер во близина на езерото во Брегенз. Во еден момент се качил на ограда и од височина од два и пол метри скокнал во езерото.

По скокот останал неподвижен, а итната помош го пренела во болницата во Брегенз, од каде бил префрлен во германски Улм.

Момчето се здобило со тешки повреди на главата и вратните пршлени, а лекарите се уште не даваат никакви прогнози.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1