Поднесени се оставките – не може Груевски насила да не внесе во Собранието, вели Заев


Кандидатите за пратеници од опозицијата денеска до Собранието ги доставија своите оставки.Оставки поднесоа сите 33-ца пратеници кои потпишаа на нотар дека не ги прифаќаат мандатите.

sdsm-pratenicka-grupa-ostavki-540x337

НЕМА УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПАРЛАМЕНТ ШТО НЕ Е ОДРАЗ НА ВИСТИНСКАТА ВОЛЈА НА ГРАЃАНИТЕ, НИТУ НЕКОЈ МОЖЕ ДА ВЛИЈАЕ НА ОВОЈ СТАВ НА ОПОЗИЦИЈАТА.

СО ОВОЈ ЧИН СЕ ПОЧИТУВА ОДЛУКАТА ДОНЕСЕНА ОД ОРГАНИТЕ И ТЕЛАТА НА ПАРТИИТЕ И СЕ ПОТВРДУВА ЦВРСТАТА ОПРЕДЕЛЕНОСТ НА СДСМ И НА КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ ЗА НЕПРИФАЌАЊЕ НА МАНДАТИТЕ.

СО ПОДНЕСЕНИТЕ ОСТАВКИ, ЈАСНО ИМ СТАВАМЕ ДО ЗНАЕЊЕ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ И НА НЕГОВАТА ВЛАСТ ДЕКА НЕ МОЖЕ НАСИЛА ДА ЈА ВНЕСАТ ОПОЗИЦИЈАТА ВО ПАРЛАМЕНТОТ!

НИКОЛА ГРУЕВСКИ МОРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА СПРОВЕДЕНИТЕ КРИМИНАЛНИ ИЗБОРИ И ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ШТО ОД НИВ ПРОИЗЛЕГОА.

СДСМ во координација со и коалициските партнери подготвува Платформа за натамошно вонпарламентарно дејствување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1