Агресивни гаврани напаѓаат луѓе во Сараево


Жителите на Сараево живеат во страв поради агресивните гаврани кои ги има во голем број во градските паркови и брегот на реката Миљацка, а бројот на нивни напади врз луѓето секојдневно расте, пишува Дневни аваз.

vrani-saraevo500Според надлежните ова не е невообичаено бидејќи во овој период гавраните се размножуваат и затоа напаѓаат и се поагресивни.

Поголем проблем е што овие птици се познати меѓу научниците и под името „летечки стаорци”затоа што пренесуваат многу заразни болести и се еден вид на резервоар за многу болести кои преку нападите врз луѓето може да ги пренесат.

– Најмногу ги има во местата каде што луѓето ги хранат. Проблем имавме и лани, со угинување на голем број на различни локации од непознати причини, така што време е нешто да преземеме, предупредиле надлежните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1