“Нокаут”, Тамара Тодевска, Александар Тарабунов, Дарко Илиевски, Лидија Кочовска, Искра Трпева, Биба Додева, Миле Кузмановски, Викторија Лоба, Влатко Илиевски … се само дел од изведувачите кои ќе настапат на 29. издание на фестивалот “Макфест”, кој ќе се одржи идниот викенд во Штип.
Пејачите на сцената во домот на културата Ацо Шопов” ќе бидат придружувани од Ревискиот оркестар на МРТ, а наградата за победничката композиција ќе изнесува 20.000 евра, 15.000 евра ќе добие второпласираната нумера, додека 10.000 третопласираната, а ќе има награди и за најдобар дебитант и најдобар сценски настап, кои ќе изнесуваат 3 илјади евра. Гласањето ќе биде исклучиво по СМС-пораки и од секој мобилен број ќе може да се гласа само еднаш.
И покрај тоа што Вера Јанковиќ долги години наназад е заштитно водителско лице на фестивалот, се шпекулира дека годинава неа ќе ја замени Маријана Станојковска.
Еве кои македонски пејачи ќе се “борат“ за овие високи награди
На првата полуфинална вечер 05.06.2014 ќе настапат:
1. Јоце Панов
2.Александар Белов
3.Емил Арсов
4. Мики Секуловски
5. Бојан Стојков
6. Александра Јанева
7. Кристина Костовска
8. Симона Поповска
9.Дарко Илиевски
10. Искра Трпевска Арсовска
11. Маја Вукичевиќ
12. Лидија Кочовска
13.Викторија Лоба
14. Наде Талевска
15.Лена Заткоска
На вторта полуфинална вечер 06.06.2014 ќе настапат:
1.Сара Мејс
2. Дејан Тасев
3.Елвир Мекиќ
4. Филип Јордановски
5. Нокаут
6.Миле Кузмановски
7. Горан Наумовски
8. Наташа Малинкова
9. Кристијан Мицов
10. Мартинијан Кириловски
11.Александар Тарабунов
12.Тамара Тодевска
13. Влатко Илиевски
14.Биба Додева
15.Роберт Поп Димитров