ДОБИ 72 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЛОТО – 50 МИЛИОНИ ЌЕ ДАДЕ ВО ХУМАНИ АКЦИИ


Среќниот добитник на лотаријата Евромилион, кој во февруари доби 72 милиони евра, се подготвува да подари за добротворни цели 50 милиони евра, пренесува дописникот на МИА од Париз.

LOTOКако што јави национално радио РТЛ, среќниот добитник е на возраст од педесетина години, нема деца и самиот не се соочува со финансиски проблеми.

Добитникот според неговата желба и понатаму останува анонимен.

Француската лотарија потврдува дека не се памети во нејзината историја еден среќен добитник на лотарија да оддели толку голема сума за добротворни цели.

Според лотаријата, самиот добитник ќе следи на кој начин даруваните фондови ќе бидат искористени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1