Шести јуни, денот пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Денот е неработен согласно со Законот за празниците на Република Македонија.
Ова се сите неработни денови до крајот на годината:
• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 02 август (сабота), Ден на Републиката
• 08 септември (понеделник), Ден на независноста
• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици)
• 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 јануари (понеделник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (петок), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик