Џамбо лажел – херојот со кого сочувствуваше Балканот немал ниту жена ниту дете


Слободан Недељковиќ викан Џамбо е приведен во полициска станица за да објасни причината поради која раскажуваше дека сопругата и детето му се удавиле во поплавите. Српските медиуми пишуваат дека Џамбо ширел лажни информации за себе, бидејќи не бил оженет, немал ниту жена, ниту дете…

Недељковиќ е повикан во полцииска станица да објасни зошто ширел такви приказни кои предизвикаа бурни реакции во јавноста, а обвинителството ќе одлучи дали во тие тврдења има еленти за кривично дело. Инаку, Џамбо живее со баба му и двајца вујковци.

dzambo-3tИзвори од полицијата за српските медиуми изјавиле дека веќе некое време се соменавале дека лаже, но раните од поплавите биле свежи па не превземале подрастични чекори. Пред некој ден го викнале на кафе муабет и со автомобилот сакале да го однесат да им ја покаже куќата каде исчезнале неговата жена и дете. Прво се обидел да импровизира и да се извади но кога видел дека е во тесно почнал да плаче како мало дете.

Полицајците сочувствувале со него – точно е дека спасуваше луѓе, точно е и дека изгуби и она малку што го имаше во куќата во која живеел како подстанар, но прикаската дека имал жена и дете кои исчезнале се обмана на јавноста и мора да одговара затоа. Посебно што веќе му била доставена одредена сума на пари од хумани граѓани кои сочувствувајќи со неговата болка сакале да му помогнат.

Кога го прашале зошто лажел рекол дека не знае, дека само сакал државата да му изгради куќа да не живее како подстанар повеќе.

Џамбо лажеше дека ги изгубил сопругата и детето во поплавите и дека потоа спасувал луѓе во Обреновац. Недељковиќ измислил дека семејството го одвел во Велико Поље кај мајката на сопругата, како би таму биле безбедни.

-Кога водата надоаѓаше, синот, сопругата и нејзината мајка се качија на кров, но кога се вратив, нив веќе ги немаше, раскажуваше Џамбо за медиумите.

Медиумите пренесоа и дека семејството на Недељковиќ, кога тој имал шест години, било убиено на Косово и дека тој како бегалец во 1999 година дошол во Обреновац.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1