Промовирани првите електрични возила и скутери на струја. Петте електромобили, кои ќе служат за туристички прошетки, веќе се пристигнати. Договорот за нивна набавка „Градски паркинг“ го склучи со фирмата „Хипнел“, а едно возило чини 11.420 евра.Познавачите велат дека со овој тип на возила заштедата на граѓаните е најголема.
Електромобилите се полнат при самото возење а имаат можност и да возат на гориво, додека пак скутерите на струја се полнат на полнач за само половина час.Билетот за возење со електромобил по скопските улици ќе чини 50 денари.
Возилата ќе имаат обучен возач, кој во исто време ќе биде и туристички водич. Почетната станица е Порта Македонија, а турата ќе се одвива по улицата Македонија и во реонот на Мал ринг.









