12 год девојчиња се обидоа да убијат нивна другарка под влијание на Интернет


Две 12-годишни девојчиња се обвинети за обид за убиство на нивна другарка на иста возраст во американската сојузна држава Висконсин, јавија локалните медиуми. 

Девојчињата се обвинети како возрасни и доколку бидат прогласени за виновни би можеле да добијат казна затвор до 65 години.

Двете малолетнички често пати го посетувале сајтот Creepypasta, кој е полн со различни грозоморни случки. За да го задоволат нивниот виртуален лидер, кој себе си се нарекол Слендермен, тие требало да убијат една од нивните другарки.

devojcinja amerika ubistvo

Според обвинителниот акт, едно од двете девојчиња изјавило дека требало да убие некого за да ја покаже лојалноста кон Слендермен.

Во саботата жртвата била поканета да ја мине ноќта кај една од двете обвинети, кои потоа ја натерале да прошетаат во една шума, ја прободеле со нож 19 пати, од кои еден бил близу до артерија и потоа ја оставиле сметајќи дека е мртва. Оттаму случајно поминал велосипедист, кој го забележал девојчето и го однел во болница.

Шефот на полицијата во градот Вокеша, каде што се случи трагедијата, Расел Џак на прес-конференција ги предупреди родителите за опасноста од Интернетот.

– Ова треба да биде предупредувачки сигнал за родителите, тие треба да го ограничуваат и контролиралаат користиењето на Интернет од страна на нивните деца, рече Џак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1