Дино Раџа повреден во сообраќајка – го удрил автомобил додека возел мотор


Претпладнето познатиот хрватски кошаркар Дино Раџа, додека возел мотоцикл, го удрил автомобил, по што тој итно бил пренесен во болница, објавуваат хрватските медиуми.

RadjaНесреќата се случила во близина на влезот од сплитската Парк – шума Марјан околу 11 часот кога кон мотоциклот на Раџа налетал автомобил управуван од жена.

Раџа побарал лекарска помош заради повреда на ногата, но неговите повреди не би требало да бидат сериозни.

Во сплитската болница потврдиле дека кај нив е хоспитализиран познатиот спортист. Оттаму за Слободна Далмација изјавиле дека тој моментално е на Итното хируршко одделение и дека во тек е медицинска обработка.

Се уште не е позната тежината на повредата, а се прави и полициски увид за да се утврдат причините за инцидентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1