Чудесна Македонија: Ги згрешиле димензиите – наместо игралиште изградиле паркинг во Штип (Фото)


Наместо игра со топка и детска врева, како што беше најавено, на познатото кошаркарско игралиште во Штип, кое преку ноќ стана вирален хит поради местоположбата и изгледот, нецели два месеци подоцна можат да се забележат – паркирани автомобили, јавува СпортМедиа.

basket_st-2-5001Теренот тогаш го доби името „Цар Самоил“ и беше официјално отворено од страна на градоначалникот на градот под Исарот, а беше предмет на исмејување поради несоодветните димензии иако дојде со најава како иден расадник на кошаркарски таленти.

Игралиштето има димензии какви што ретко се среќаваат во светот, а на него најмногу ќе се вежба центарската игра, бидејќи бековите едноставно немаат од каде да шутираат од полудистанца. Тројката е мислена именка, а единствено што ќе имаат извежбано тие што ќе играат на овој простор ќе биде ударот од слободни фрлања.

Информациите од Штип велат дека локалните вљубеници во кошарката тешко доаѓаат до можност да ги пробаат можностите на ова игралиште, колку и да се тие надвор од регуларните, и тоа поради фактот што тоа место најчесто се користи како паркинг.

igraliste parking

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1