Скопјанец со украден автомобил ограбил пошта


Синоќа во Скопје, на ул.„Благоја Стефковски“ во пошта Маџари, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба.

cair postaТој ја исекол решетките од задниот дел на поштата, при што е одземена метална каса-сеф и торбa со монети.

Од страна на униформиран полициски службеник околу 04:30 часот забележано е товарно моторно возило„Фиат Фиорино Пикап“ со скопски регистарски ознаки кое откако го забележало полициското возило со голема брзина се одалечило по што возачот се дал во бегство.

Во возилото пронајдена е метална каса-сеф и едно торбиче со монети.

По преземени мерки констатирано е дека истата вечер на паркинг на бул. “Авној” било одземено такво возило „Фиат Фиорино Пикап“, истото со кое е извршена тешката кражба. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1