На сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се одржа и втората полуфинална вечер на фестивалот на забавна музика, Макфест.
Од оваа полуфинална вечер во финалето на фестивалот продолжуваат: Елвир Мекиќ, Миле Кузмановски, Горан Наумов, Наташа Малинова, Кристијан Мицев, Мартинијан Кириловски, Тамара Тодевска, Влатко Илиевски и Биба Додева.
Како специјален гостин на Макфест настапи и Даниел Кајмакоски кој пееше во живо, а на пијано го придружуваше Роберт Билбилов.
Само за потсетување, по пат на телевоутинг, гледачите во четвртокот ги избраа првите финалисти: Јоце Панов, Дарко Илиевски, Маја Вукичевиќ, Мики Секуловски, Александар Белов, Викторија Лоба, Емил Арсов, Симона Попоска и Лена Заткоска.
Вечерва е финалето на Макфест.