Астероидот HQ124, кој е толку голем што научниците го нарекуваат “Ѕвер”, ќе помине блиску до земјата утре, но не постои опасност од негово влијание.
Огромниот астероид е со големина на фудбалско игралиште и ќе помине покрај Земјата со брзина од 50.000 км / ч, но на безбедно растојание (три пати на растојание на Месечината од Земјата).
“Ѕверот” е 10, а можеби и 20 пати поголем од астероидот кој се распадна над областа Чељабинск во Сибир минатата година.
Она што ги загрижува научниците е фактот дека тој не бил забележан се до 23 април.
Ако астероид со оваа големина ја погоди Земјата, веројатноста за да се спречи глобална катастрофа би била рамна на нула, предвидуваат научниците.