Почина исчезнатиот битолчанец кој вчера беше најден во селото Ивањевци


2b801622c01bbf79ca1cbb447cc20416_L84 годишниот битолчанец Стеван Јовчевски, кој на 2 јуни исчезна од неговиот дом на улица „Солунска“ вчера беше пронајден во селото Ивањевци, кое е 20 километри одалечено од градот Битола, денеска починал, јави телевизијата Орбис.

Бил пронајден во некои грмушки од страна на мештаните целиот дехидриран, по што веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде денес починал.

Засега сè уште не се знае како овој битолчанец стигнал до ова село.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1