Еве како ќе изгледа обновениот Плаошник (Видео)


Просторот пред манастирот е ограден и е изведена нова влезна капија, а возилата можат да се паркираат единствено на паркингот пред влезот во комплексот.

plaosnikВо комплексот се поставени јавни тоалети, како и неколку типизирани куќички за продажба. Изградена е фонтана и пешачки патеки, а целокупниот простор на овој локалитет доби и ново хортикултурно уредување.

Уредувањето на комплексот “Свети Наум” го врши МПЦ-ОА откако со Законот за денационализација си го врати просторот во свое владеење. Оваа активност има повеќекратен бенефит за поголема туристичка афирмација на овој според многумина, најубав дел на охридското крајбрежје. По ова, останува да се изгради новата сообраќајница од Охрид до Свети Наум, која се ветува со години наназад, бидејќи постоечката во должина од 30 километри е во очајна состојба.

Телевизија Алфа објави и видео како ќе изгледа комплексот

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1