Иако ја заразил со ХИВ, се грижела за него се до неговата смрт


Како и повеќето луѓе, Деб никогаш не помислувала дека ќе се инфицира со ХИВ, а особено не дека вирусот ќе и го пренесе нејзиниот сопруг.

Кога дозна дека e заразена со вирусот, природно се чувствувала измамено и разочарано. Деб и Гери биле совршен пар со три среќни и здрави деца, кои се веќе десет години во брак. Идилата е прекината кога Гери во 1995 година заболел од пневмонија. Кога Деб дознала дека и таа била инфицирана и се срушил целиот свет.

deb-630x354

Деб никогаш не дознала како Гери се инфицирал, но верува дека имал незаштитен секс со други мажи или преку консумирање дрога во младоста.

Наместо да му сврти грбот, таа се грижела за нејзиниот сопруг се до неговата смрт во 1996 година, и тоа само 11 месеци откако му бил дијагностициран вирусот.

„Го направив тоа за децата, тој секогаш ќе биде нивниот татко. Не сакам денес или утре да ме прашуваат зошто не сум му помогнала на нивниот татко. Иако ми го префрли вирусот, тој ми ги подари децата.Тој е оној кој не успева да види како неговите прекрасна децата раснат”, вели таа.

За среќа, никој од нивните три деца го нема ХИВ вирусот, додека Деб којаго има вирусот19 години, живее нормален живот и се смета себеси за “најздравчлен на семејството.”

Благодарение на модерната медицина, многу луѓе кои живеат со ХИВ се во можност да живеат нормален живот, поради што овој вирус веќе не се смета за смртна казна како што се мислеше претходно.

„ХИВ не смее да биде средство за дискриминација. Ова може да му се случи секому. Големи се шансите се запознаете некои луѓе кои не ни знаете дека го имаат вирусот”, изјавила Деб.

Во Австралија, 25.000 луѓе се заразени со ХИВ, од кои само 10 отсто се жени.

Денешен.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1