Безжичниот интернет-пристап во авионските летови веќе е вообичаена работа во САД, но речиси невидено нешто во Европа.
Се чини дека тоа ќе се промени во блиска иднина, бидејќи „Инмарсат“ најави дека работи на мрежа за летови во границите на Европската Унија. Компанијата ќе соработува со снабдувачи на 4Г-услуги, за да направи мрежа за поврзување на авионите со површината што ќе го пренесува сигналот.
Системот ќе биде поддржан од новиот сателит „Еуропасат“, кој ќе се грижи врската да биде константна. Иако не се очекува мрежата да е подготвена пред крајот на 2016 година, „Бритиш ервејс“ веќе покажале желба да бидат корисници.