Невремето ги однело со педалинка кон Албанија – спасени малолетници во Охридско


Вчера околу 16 часот во близина на хотелот „Бисер“ на струшкото крајбрежје, спасени се три малолетни лица од водите на Охридското езеро и вратени на копно во акцијата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пренесува Денешен

pedalinka-potona-ezerce-oh-01-630x472Невремето и силниот ветер неконтролирано ја носеле изнајмената педалинка кон албанските територијални води, во која се наоѓале малолетниците.

-Езерската патрола изврши итно пребарување на езерскиот квадрант, и на околу 1,5 километри од езерскиот брег наспроти хотелот „Бисер“ ја забележа педалинката и трите малолетници, соопштуваат од СВР Охрид.

Поради големите бранови, тие биле видно вознемирени и не можеле да ја управуваат и контролираат педалинката што претходно ја изнајмиле пред хотелот „Дрим“ во Струга.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1