Ракометната федерација на Македонија одлучи влезот за квалификациски натпревар на македонската женска репрезентација против Германија да биде слободен.
Натпреварот треба да се игра во СРЦ Кале во Скопје со почеток од 17 часот и 45 минути.
Иако репрезентацијата на Германија е фаворит пред овој дуел, Македонките се надеваат дека ќе можат да пружат силен отпор и да изненадат со поситивен резултат.
Двете репрезентации во досегашниот тек од квалификациите имаат одиграно по два натпревари. Во групната фаза, Германија еднаш се има радувано на победа над Русија, а нашата селекција токму од Русија има два порази.