Џеки е мајка на Лорен Волш (15) која има гардеробер на кој многу девојки би и позавиделе. Неделно троши околу 200 фунти на парталчиња, а и самата признава дека ретко успева сè да облече.
Но, за тоа нејзината мајка Џеки работи на 3 места за да може да ги задоволи сите желби на разгалената ќерка. Џеки смета тоа што го прави е во ред, бидејќи на тој начин со сите тие скапи работи Лорен има поголема самодоверба.
Сите трошоци ги покрива мајката која работи на две места за 6,81 фунта на час и која била принудена да најде уште една дополнителна работа за да може да ја задоволи ќерка си, па прифатила да чисти и тоалети.
„Многу сум слаба на тоа девојче. Иако и пријателите ме советуваат дека треба да ѝ се спротивставам, но јас не можам“ – раскажува Џеки, која инаку има уште една помала ќерка Рејчел.
„Ја преколнував мајка ми за некои чевли, дека се моите омилени и дека постојано би ги носела. Беа многу скапи, ми ги купи, но уште не сум стигнала да ги облечам, како и повеќето кои ги имам“ – восхитено зборувала Лорен за својата колекција чевли.
„Понекогаш ми е малку жал за потрошените пари, но мајка ми плаќа, јас не знам колку чини она што го сакам. Само ѝ го покажувам, а таа ми го купува и јас се заблагодарувам.
Кога ги гледам девојките од магазините, гледам дека се обични само се убаво облечени и нашминкани, па помислувам дека ако и јас се облечам во толку скапа облека, ќе изгледам убаво“.
Сепак, не се работи само за чевлите, Лорен троши и до 600 фунти месечно. Во нејзиниот орман се наоѓаат скапи брендирани парчиња кои воопшто не ги облекла.
Но, нејзината мајка не престанува да ѝ ги задоволува бесмислените желби.