Порталот Либертас објави исповест на транссексуалец од Скопје. Во продолжение ви го пренесуваме целиот текст…
„Имам една тајна која сакам да ја споделам со читателите на Либертас, но сепак тоа да биде дискретно“. Вака го почнавме разговорот со едно младо момче, русокосо со зелени очи кое побара средба.
-Сакаш ли оваа убава девојка да ти биде гостинка во Фаци -ме праша момчето и од мобилниот телефон ми покажа слики од атрактивна девојка.
-Зошто да не – реков и тој не губеше време.
– Еве ја таа е пред тебе – рече.
Се збунив, мислев ме зеза, но тој продолжи.
-Сакам тајната која неодамна и ја открив само на мајка ми и таа се шокираше да ја раскажам и во твојата емисија но да биде сепак анонимно. Јас сум транссексуалец. Денски одам на работа, се облекувам како момче, со фармерки и маички, тренди. Вистинскиот јас сум во ноќта.Тогаш сум атрактивна девојка со долга коса (перика) со мини сукњички, силиконски гради кои ги прикачувам на мрежести фустани или блузи, високи потпетици и задолжително, мрежести хулахопки оти тие ги палат мажите.Од вечер заработувам околу 200 евра,имам постојани муштерии, но и нови кои ми пишуваат на мојот фб профил на кој сум атрактивна девојка која нуди љубов за пари. Да се разбереме – вели тој – јас не ги лажам, веднаш им пишувам дека сум трансексуалец, а не девојка и многу малку од нив се откажале да се сретнеме и да водиме љубов. Имам изнајмено стан, тука доаѓаат моите клиенти – тврди трансексуалецот.
Ни раскажа дека подолго време имал љубовни сеанси со оженет скопјанец кој имал две деца, но сексот со трансексуалецот му бил вистински.
-Ми нудеше сè да останеме во врска, но јас во ова што го правам не вложувам емоции туку за мене тоа е возбуда,авантура и секако пари. Ете тоа е, решив, некому да му ја откријам мојата тајна, оти не се срамам дека сум таков, но знаеш средината е конзервативна и затоа инсистирам на анонимност.
Размислувам да заминам одовде,предрасудите кај луѓето ме гушат, сакам да бидам слободен, да прошетам и по ден со мини здолниште и на високи потпетици.
Збунет си нели – ми рече на крај и додаде – во Скопја има многу како мене,транссексуалци кои продаваат љубов во скопските ноќи, или како што ние милуваме да се викаме, да бидеме ескорт дами.
Меѓу нас владее колегијалност, иако се знам со многу од нив, Си ја почитуваме желбата нашата тајна да не ја откриваме никому.