Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и наместа со повремен засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на град. Преку денот ќе дува слаб претежно југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 25 до 32 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.