Скандал: Доктор Оз измамник? признал дека производите кои ги промовира не делуваат (Видео)


– Научната заедница е едногласна против вас во поглед на ефикасноста на трите производи кои ги наречувате „чуда“.

Кога ќе наречете еден производ чудо, а тоа е нешто што може да се купи, и нешто што им дава на луѓето лажна надеж, не разбирам зошто тоа го правите – рече Клер Меккаскил, претседавач на панелот на Сенатот за заштита на потрошувачите пред која Д-р Оз одговараше – зошто зеленото кафе го нарекува „чудо“.

dr-oz-01Др. Оз се појавил пред Сенатот, каде што претседателката на здружението за заштита на потрошувачите Клер МекКаскил го нападнала поради тврдењата за слабеење кои ги изнесува во своето шоу. Притоа тој, инаку кардиохирург, признал дека неговите приказни за зеленото кафе биле лажни, и ветил дека ќе објави точна листа на производи за кои мисли дека можат да им помогнат на луѓето во намалувањето на килограмите и подобрување на здравјето, пишува Huffington Post.

Меккаскил особено бараше објаснување за емисија од 2012 година во која Д-р оз вели дека екстрактот од зелено акфе е „магичен лек за губење на тежината за секој тип на тело“.

“Разбирам дека правите добри работи во своето шоу, но не разбира зошто кажувате и работи за кои знаете дека не се вистинити”, рекла таа.

Тој инсистирал дека верувал во тоа што го промовирал, но дека го смета како краткотрајно решение. Признал дека не постои чудесна таблета без правилна исхрана и вежбање.

dr oz– Јас лично верувам во состојките за кои зборувам во шоуто, ги проучувам. Признавам дека немаат научна потврда која може да се презентира како факт, но и без тоа јас на публиката и давам совети кои им ги давам на членовите на моето семејство постојано, на кои им ги давам и продуктите. Особено оние кои ги спомнавте. Немам дилеми околу тоа – рече Оз.

Од друга страна Др. Оз нагласил дека никогаш не навел имиња на брендови и дека не промовирал производи.

Неколку недели откако Оз во своето шоу го спомна зеленото кафе, во Флорида почна маркетинг кампања за диетален суплемент наречен Чисто Зелено кафе ( Pure Green Coffee), со тврдење дека состојка во зеленото каде ги топи калориите и ги намалува мастите до 16% за време од 22 недели.Компанијата употребила дел од шоуто на Д-р. Оз за да го продаде суплементот. Оз нема врска со оваа компанија и не зел пари од продажбата.Минатиот месец оваа компанија заработи тужба за измама на купувачите.

Д-р. Оз тврдеше дека никогаш не дозволил да се користи негова слика или дел од неговото шоу за реклама на овие суплементи ниту пак зел пари од нивната продажба.

– Ако го видите моето име, лице или моето шоу во каква било реклама, електронска порака, тоа е нелегално и не е нешто зад кое стојам јас – сведочел Д-р Оз ./

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1