Ако сакате да живеете на Ластово, земјата ја добивате за 1 денар!


Оние што сакаат да ја обработуваат земјата на хрватскиот остров Ластово, можат да ја добијат во закуп за 1 денар годишно по метар квадратен. Жупата на светите Кузма и Дамјан на Ластово ја донела оваа одлука, а единствениот услов е закупците на земјиштето да дојдат да живеат на островот, пишува Вечерњи.хр.

lastovo“Тоа на Ластово е практика уште од многу одамна. Многу семејства и не знаат дека обработуваат црковно земјиште. Дури кога ќе појдат во Катастар или ќе се обидат да го продадат дознаваат дека земјиштето е црковно, а тие веќе сто години го обработуваат. Црквата е сопственик на милион квадрати распоредени на 30-40 полиња, колку што ги има Ластово”, вели жупникот од Ластово.

На прашањето дали некој се јавил на повикот за евтин наем на земјиште, жупникот вели дека најмногу се јавуваат хрватските бранители. “Тие со задоволство би дошле да живеат тука. Мирно е, тивко, убаво, има плодна земја, само некој треба да ја обработува”, вели тој додавајќи дека луѓето си заминуваат од островот, а лозјата и маслиниците се запуштени, а островот опустел. Денес на Ластово живеат 650 луѓе и само 42 деца во основно училиште.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1