Груевски со 25-мина министри доби нови четири години


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски четврти пат вчера попладне ја доби довербата од пратениците за состав на нова влада откако за неа гласаа 77 пратеници, а 6 беа против и ниту еден воздржан. Но, првпат во изминативе осум години владата на Груевски добива нов мандат, без присуство на најголемата опозициска партија СДСМ во собраниската сала. Поддршката ја доби, разбирливо, од своите пратеници, како и од пратеничката група на владиниот партнер Али Ахмети.

Против гласаа пратениците на ДПА, а Роза Топузовска-Kаревска од ЛДП не беше во салата за време на гласањето. Единствен пратеник кој го оправда своето отсуство на седницата за избор на владата беше лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Груевски во експозето ги повтори петте стратешки точки за наредните четири години врзани за економскиот раст, вработувањето, евро-атлантската интеграција, борбата против корупцијата, меѓуетничките односи.

vlada

Груевски ќе води влада составена од петмина вицепремиери и 20 министри, од кои седум се без ресор.

– Владата е подготвена да го продолжи грчко-македонскиот дијалог врз основа на веќе утврдените стратегија и принципи. Владата нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија и нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик. Владата нема да дозволи какво било решение за спорот, кој го наметна Грција, да биде прифатено без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум, а притоа мнозинството граѓани што ќе излезат на тој референдум да се согласат со можното решение – рече Груевски за името.

Приоритети во надворешната политика, истакна Груевски во експозето, се членството во НАТО, почнување на преговорите и членство во ЕУ, особено во делот на исполнување на Kопенхашките критериуми, усвојување на законодавство од ЕУ и негова примена.

Зоран Јолевски, главниот преговарач во спорот за името на Македонија во ОН и амбасадор на Македонија во САД, ќе го води министерството за одбрана.
jolevskii
Секторот образование им припадна на интегративците, министер  Абдулаким Адеми.
ademi-abdulakim-630x472
Ресорот земјоделство – министер социјалистот Михаил Цветков.
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Министерството за локална самоуправа  – Лирим Шабани.
Зоран Ставрески вицепремиер и министер за финансии,
zoran stavrevski
Гордана Јанкуловска во министерството за внатрешни работи,
jankulovska-1
Никола Попоски шеф на дипломатијата,
nikola-popovski2_g
Никола Тодоров –министерството за здравство.
todorov
Диме Спасов – труд и социјална политика,
dime spasov
Иво Ивановски за информатичко оштество и администрација,
ivo ivanovski i google glass1
Миле Јанакиески за транспорт и врски.
Janakieski-240
култура – Елизабета Канческа – Милевска.
KanceskaMilevska-564x272
Владимир Пешевски, Муса Џафери и Фатмир Бесими остануваат потпретседатели на Влада.
Новите имиња во новата влада се и Аднан Јашариминистер за правда.
adnan jasari
Бурхан Изаири – министер за животна средина и просторно планирање.
Економија – Беким Незири.
bekim neziri
Министри без ресор се Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумов, Неждет Мустафа, Горан Мицковски, Висар Фида и Фурхан Чако.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1