Откако во средата и официјално стана кралица, шпанските медиуми повторно ја актуелизираа приказната за животот на Летиција Ортиз, бивша новинарка и телевизиска репортерка
Тие ги повторија приказните дека пред доаѓањето во кралскиот двор на Шпанија таа му позирала во топлес на кубанскиот уметник Валдо Саведра Гонзалес.
Тогаш Летиција живеела и работела во мексиканскиот град Гвадалахара, каде како новинар известувала за отворањето на неговата изложба. Уметникот признал дека тогаш бил вљубен во неа и во својата изјава за медиумите ја нарекол Лети. Признал и дека никогаш не и ги признал своите чувства, бидејќи таа во тоа време била во врска со неговиот пријател од бендот, Фернандо.
Летиција тврди дека никогаш не му позирала на сликарот, нагласувајќи дека цртежите се работени според фотографии и се плод на фантазијата на уметникот.
Топлес фотографиите на новопрогласената шпанска кралица ја красат и обвивката на албумот на тогашниот бенд на слиакрот, наречен „Влажни соништа“.