Опасни комарци ја цицаат Европа – мутирале дури и домашните


Во Европа се шират комарци кои дошле од другите делови на светот, зашто тука е се’ потопло, а зимите се се’ пократки. Но и „домашните“ крвопијци стануваат се’ поопасни

komarec

Порано тука немаа некоја особена иднина и обично таквите егзотични комарци како азискиот грмски комарец (Hulecoeteomyia japonica), азискиот тигрест комарец (Stegomyia albopicta) или комарецот жолта грозница (Stegomyia aegypti) брмчеле низ Европа неколку месеци, па потоа доаѓала зимата и тогаш тие комарци исчезнувале.

Свен Климпел предупредува дека во Европа е се’ потопло, а зимите се се’ пократки и токму затоа тука почнаа да живеат видови на комарци какви што порано не биле познати.

Секако не доаѓаат сами зашто комарците, за среќа, се лоши летачи. Но доаѓаат со авионите и бродовите, контејнерите со стока и многу често – со товарите на егзотично овошје или дрвена градба која стигнува во Европа.

Притоа во целата ситуација најлошата работа не е убодот, ниту лесната инфекција која потоа не’ тера да се чешаме неколку дена, туку она што комарецот може да го остави во крвта на жртвата – од вирус, паразити, па до ларви на црви. Тоа може да бидат многу опасни болести, од маларија, африканска трипаносомијаза, па до чикунгунија или денги треска.

Некогаш комарците ги пренесуваа таквите болести по Африка, Азија или Латинска Америка, но се’ почесто тие егзотични комарци може да се сретнат во Европа.

Комарците стануваат сe поопасни

komarac-630x420

Но она што најмногу ги загрижува сите паразитолози дури не се ни гостинските комарци, туку она што се случува со домашните. „И на домашните комарци им годи топлото време и благите зими. Сега веќе се создаваат по неколку генерации годишно“, објаснува Таних.

Неодамна во еден „германски“ комарец беше пронајдена ларва на кучешки срцест црв (Dirofilaria immitis). Овој паразит е всушност доста раширен во Африка, Азија, а понекогаш може да се затекне и на југот на Европа. Живее во срцето на кучињата, куните и лисици, а преку убодот од комарец може да се прошири и на други животни, но и на човекот. Во принцип, овој паразит во организмот на човекот брзо се уништува, но забележани се и низа на случаи со компликации.

Паразитолозите советуваат дополнително внимание со комарците кои во нашите краишта во наредниот период ќе ги има се’ повеќе и повеќе, особено оние егзотичните и опасни комарци. Во следните десет, најдоцна педесет години,ќе има се повеќе случаи на заразни болести кои ги пренесуваат овие мали летачки крвопијци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1