Од почетокот на оваа година во Црна Гора регистрирани се 145 фалсификувани банкноти на евра, што е три пати повеќе од истиопт период лани.
Од црногорската Централна банка апелираат граѓаните, особено туристите да бидат внимателни и да ги проверуваат карактеристиките за заштита на банкнотите.
Според директорот на трезорот на ЦБ на Црна Гора, Тодор Цицмил, во оваа година најмногу биле фалсификувани банкноти 200 евра, дури 19, потоа од 100 евра – 17 банкноти и другите од од 5, 10 и 20. Фалсификувана била и една банкнота од 500 евра.
Во Европа најчесто се фалсификуваат банкноти во апоени од 20 или 50 евра.