Најпознатата група од седумдесетите и осумдесетите години „АББА“, нашла начин како да не плаќа данок за облеката која ја носи на сцена. Блескавите и чудни костими ги одбирале само поради тоа што во Шведска постоел закон дека не се оданочува облека која е ексцентрична и не може да се носи секојдневно на улица. Во новата книга на еден од членовите на шведската фрупа „АББА“, Бјорн Улвеус признава дека поради ова групата имала најлош стајлинг на сцената во тоа време, само за да заштеди пари.