Абракадабра – со магија Дејвид Коперфилд си заработил за 11 острови на Бахами


Илузионистот Дејвид Коперфилд (56) неодамна си купи 11 бахамски острови од кои направил луксузен ресорт.

david_copperfieldОстровите ги платил речиси 68 милиони евра. Ноќевање во луксузните летувалишта на Коперфилд чини 28 илјади евра, а во неговите раскошни вили веќе уживале водителката Опра Винфри (59), Бил Гејтс (58) и Џон Траволта (59). На госите за ниту во еден момент да не им биде здодевно, сопственикот се погрижил така што направил кино кое се „создава“ на плажа и исто така исчезнува.

Во понудата исто така, се нудат разни шпионски игри, инспирирани од Џејмс Бонд, а богатите гости можат да спијат во посебно наместени соби во шума или во скриено село до кое се доаѓа со подземни тунели.

Коперфилд кој заради своите илузии 11 пати заврши во Гинисовата книга на рекорди, моментално живее во Лас Вегас со вереничката Клое Госелин (28) и ќерката Скај (3).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1