Ад-хок телото доби четири члена


Слаѓана Димишкова од „Вест“ , Цветин Чилиманов од МИА , Горан Трпеновски исто така од „Вест“ и Љубомир Костовски од онлајн неделникот „Глобус“, се четворицата членови на ад-хок телото кои ги предложија партиите, потврдуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.ad-hok-telo-predlozi

Димишкова покрај новинарка е и претседателка на Македонска асоцијација на новинари, а Трпеновски беше кандидат и за член на Државната изборна комисија, кога се избираше актуелнот состав.

Првите двајца се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски и Костовски по предлог на СДСМ.

Паѓа во очи дека ниту еден од избраните членови не доаѓа од телевизија или интернет портал иако овие медиумите ќе треба привременото тело ќе треба да ги мониторира 100 дена пред избори.

Според измените на Изборниот законик, петтиот член кој не е по партиски предлог, четворицата партиски претставници треба да го договорат, а директорот на Агенцијата да го именувам најдоцна 15 дена по нивното именување, односно како што велат од Агенцијата најдоцна до 23 август. Петтиот член според договорот на политичките партии треба да биде Албанец.

Агенцијата за медиуми треба да обезбеди услови за работа на оваа привремено тело. Тоа ќе ги разгледува извештаите на стручните служби на Агенцијата за медиуми за балансирано известување пред и за време на изборите и да контролира дали се почитува Изборниот законик. За првиот прекршок телото ќе изрече опомена, а за секој нареден парична казна. Казните се со максимална висина од 4.000 евра. Ова тело не може да бара да се затвори некој медиум, ниту пак новинар да биде казнет заради искажано мислење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1