Адеми го поддржа инспекторатот во казната за директорката за верскиот обред во училиште во Радовиш


Строго почитување на законските прописи бара новонаименуваниот министер за образование Арбр Адеми. Тој најави дека Државниот просветен инспекторат и во иднина ќе реагира на сите неправилности кои ќе се појават во образовниот процес, како што беше случајот со верскиот обред во радовишкото училиште Крсте Петков Мисирков.

На примопредавањето на функцијата од неговата претходничка Рената Дескоска, Адеми рече дека законските рамки се прецизни, а во нивни рамки институциите ќе си ја вршат својата работа.

Државниот просветен инспекторат го казни основното училиште во Радовиш со илјада и 600, додека директорката со илјада 120 евра казна, откако минатата недела ифтарска вечера по повод Рамазан беше послужена во училишната менза, каде што локален оџа вршеше верски обред.

Дополнително од инспекторатот ќе поднесе барање до општинските власти во Радовиш за разрешување на директорката, затоа што дозволила верско организирање во училиштето, што е спротивно на закон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1