Американски адмирал и седум офицери со понизок ранг се вмешани во најголемиот скандал во историјата на американската морнарица – т.н. “случај на дебелиот Леонард”, пренесуваат американските медиуми.
Како што пишува весникот “Вашингтон пост”, офицерите му обезбедувале тајни информации на сингапурскиот бизнисмен Леонард Френсис, а во замена добивале скапи подароци и секс оргии со проститутки. Изданието ги открива имињата на сите обвинети.
Тоа се контра-адмиралот Брус Лоулс кој служи во разузнавањето на морнарицата на САД во Пентагон; три капетани во оставка – Дејвид Лаусман, Доналд Хорнбек и Дејвид Њуленд; постојниот капетан Џејмс Долан, полковникот во оставка од маринците Енрико де Гузман; командирот Стивен Шед од морнарицата на САД и офицер Роберт Горсак.
Според податоците на истрагата, сите тие добиле мито од “дебелиот Леонард” во замена за тајни информации, кои му овозможувале да соработуваа со Пентагон. По ова бизнисменот добил многу договори вредни десетици милиони долари.
Во обвинението се наведува дека бизнисменот подарувал часовници во вредност 25 илјади долари, кутија со пури во вредност од 2 илјади долари, шише коњак од 2 илјади долараи. Покрај тоа, Леонард Френсис организирал “секс-забави” за офицерите од бродот Blue Ridge, кој му припаѓа на флота на САД. За сега само 27 лица се обвинети за случајот “Дебелиот Леонард”, но, според зборовите на обвинителите, под сомневање се наоѓаат уште 200 лица