Полицијата и натаму го истражува случајот, но сè уште не е јасно дали станува збор за убиство и самоубиство.
Тиаго и Адријана Нунес со синот Тиаго Јуниор биле пронајдени вчера во ист кревет по пожарот кој го зафатил нивниот дом во Реигејт во Британија.
Адријана ѝ пратила мистериозна порака на сестрата на својот сопруг во која пишувало “збогум”, неколку часа пред да избие пожарот. Пратила и многу други нејасни пораки на бројот на 44-годишната Сесилија Нунес, во кои делувала бесно дека нејзиното семејство заборавило да ѝ честита роденден, наведува The Sun.
“Ми пиша. Во една од пораките пишуваше “збогум”, но ја избришав мислејќи дека е само бесна”, рекла Сесилија.
Во друга порака напишала “ви благодарам роднини што ми го честитавте роденденот”.
“Пораката поврзана со роденденот изгледаше сомнително, бидејќи не ѝ пративме роденденски пораки. Не можам да верувам што се случило”, рекла таа.
Полицијата и натаму го истражува случајот, и не е јасно дали станува збор за убиство и самоубиство. Пожарот бил откриен откако госпоѓа Нунес не се појавила на работа, а фармерите отишле до нејзиниот дом за да проверат за што станува збор.
“Ме боли срцето. Само Бог може да нè утеши, немам зборови”, рекол Гиљермо Херера Круз, брат на Адријана.
Полицијата и пожарникарите ги пронашле нивните безживотни тела вчера.
“Беа прекрасни луѓе”, рекол еден сосед.